Тсаи Инг Вен ја положи заклетвата како нова претседателка на Тајван, со што стана прва жена на оваа положба, пренесоа локалните медиуми.
Тсаи, која е лидерка на Демократската напредна партија, победи на претседателските избори на 16 јануари освојувајќи повеќе од 56 отсто од гласовите.
На инаугурацијата е најавено доаѓање на речиси 700 шефови на држави, дипломати и други угледни гости.
Тајван има сопствена управа од четириесетите години на минатиот век, по граѓанската војна во Кина, но официјален Пекинг и понатаму смета дека тоа е дел од кинеската територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.