| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 50 000 денари од кумановската бензиска „Твинс Петрол“

50 000 денари се украдени од бензиската пумпа „Твинс Петрол“ во Куманово. Грабежот се случил утрово околу 02,15 часот кога три непознати лица, маскирани и вооружени, едниот со пиштол, а другите двајца со автоматски пушки извршиле разбојништво над три вработени. Покрај парите одзеле и 10 штеки цигари „Малборо“.

Разбојништвото, соопшти денеска МВР,  сторителите го извршиле на тој начин што откако влегле во бензиската пумпа со закана со огненото оружје ги одзеле парите и цигарите, по што заминале во правец на кумановското село Черкези.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top