| четврток, 6 декември 2018 |

Вo Москва пронајдени 59 скулптури од предвоен Берлин

Скулптури кои пред Втората светска војна им припаѓале на музеите во Берлин се пронајдени во Пушкиновиот музеј на убава уметност во Москва, соопшти германската Фондација на пруското културно наследство.

Првите скулптури од времето на италијанската ренесанса идентификувани се минатата година, а потоа заедно со Пушкиновиот музеј е спроведен заеднички проект за барање за скулптурите за кои долго се верувало дека се изгубени.

Претседателот на Фондацијата потврди дека се идентификувани 59 скулптури од предвоената колекција на берлинскиот музеј, со различен степен на зачуваност.

Комплетниот процес на реставрација ќе биде завршен до 2019 година.

До крајот на Втората светска војна од Германија се однесени повеќе илјади вредни уметнички дела, а нацистите крадеа културно добро од окупираните земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top