| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ: Заев не сака да му ја укинат аболицијата и да ги врати парите назад

Зоран Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“, случај во кој што истиот се товари дека незаконски се стекнал со 8 милиони евра.Измените во Законот што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нудат токму таква можност, да биде повлечена аболицијата на Зоран Заев и на државата да ги врати осумте милиони евра за кои е оштетена во случајот „Глобал“, пишува во соопштението кое го испрати ВМРО – ДПМНЕ.

vmro

Изминативе шест месеци јавноста беше сведок на деструкцијата на СДСМ откако влезе во институциите. Шест месеци партиските кадри на СДСМ не реализираа ниту еден позитивен проект од полза на граѓаните. Шест месеци само ги блокираа веќе отпочнатите проекти и работеа на ангажирање на партиските послушници на високи позиции во позиции во министерствата кои ги раководеа. Владата беше дисфункционална, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

Не постои ниту една единствена разумна причина зошто мнозинството пратеници во Собранието не би ги прифатиле оставките на партиските кадри на Зоран Заев. СДСМ и Зоран Заев избегаа и од изборно соочување на 5 јуни покажувајќи дека се смртно преплашени од фактот дека народот ја прочита нивната деструкција и ќе ги казни на избори. Со тоа не постои ниту едно образложение зошто кадрите на СДСМ би останале во Влада, во ситуација кога нивниот лидер не е подготвен да излезе на изборно соочување, стои во соопштението испратено од владеачката партија.

Република Македонија треба и мора да тргне напред. Република Македонија не смее да остане заложник на стравот на Зоран Заев од избори. Владата мора да биде функционална и да реализира проекти во полза на граѓаните. Владата мора да работи на приоритетите и реформите за постигнување на европските стандарди, заклучуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top