Освен писменоста, професорките често умееле да ја наградат оригиналноста во писмените задачи. Сметајќи дека и неговата професорка би можела тоа да го цени, еден храбар ученик во Србија се осмелил на писмената задача на тема „Живот како на филм“ да напише само 4 кратки реченици.
Иако во нив сублимирал како изгледа филмското секојдневие во Србија, значи малку политика, па малку естрада, професорката била шокирана и го оценила со најниска оценка.
-Мир Божји, Белград на вода, Шешељ на слобода, Анастасија се роди- напишал ученикот.
Неговата задача била објавена на социјалните мрежи каде повеќето се одушевени од неговата храброст. Добар дел од корисниците сметаат дека требал да добие петка за оваа писмена задача.
Врвот се достигнал кога почнале да му пристигаат понуди за работа. Интересно е и што меѓу коментарите има и такви кои се сомневаат дека во прашање е вистинска школска задача и мислат дека всушност се е нечија шега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колку е часот: Оваа задача од основно училиште ретко кој може точно да ја реши (Видео)
-
Лесна е, но многумина ја грешат: Решете ја оваа задача
-
Оваа равенка нема да ја решите: задача за петто одделение им зададе главоболки на милиони луѓе (фото)
-
Може да решите математичка задача наменета за учениците од Сингапур?