Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 42- годишниот прилепчанец Дарко К. осомничен дека проневерил 3 милиони и 855 илјади денари од „Поштенска банка“ АД Скопје, при прилепската подружница на „Македонски пошти“ каде работел како трезорист.
Според МВР, тој парите ги земал во подолг период од една година. Дарко К. доби кривична пријава за „проневера во службата“, а истражен судија му одреди притвор до 30 дена.
Инаку, 42-годишниот Дарко К. беше поранешен советник во советот на општина Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.