Во новиот број на Република кој е во продажба од утре 20 мај 2016 година, ќе читате:
Опозицијата и народот во различен правец
СДСМ повторно избега од избори
Договорот од Пржино, сакале тоа неговите креатори да го признаат или не, внесе повеќе раздор отколку решение во државата. Ги отвори вратите за политички реваншизам, направи хируршка поделба на општеството, креираше „франкенштајнска“ творба од паралелизам во институциите, ја остави државата на немилоста на црните сценаристи.
По еднаш погазениот договор за избори на 24 април, новото решение кое влезе во Изборниот законик – 5 јуни – се претвори во фијаско на опозицијата и на меѓународната интервенција за надминување на политичката криза. Но, тоа фијаско ја донесе државата до работ на опстојувањето. „Расчинувањето“ на сѐ што значеше институција, додека паралелизмот го девастираше безбедносниот систем, а политичкиот заглави во слепа улица, сѐ носеше кон крах на функционирањето на државата, што остави простор да се разиграат радикалите и федералистите.
Кукавички крици од Павел Шатев
Плачат за власт, слават бегство од избори
Изборите на 5 јуни требаше да стават крај на кризата, да бидат ехо на народната волја и јасен патоказ во кој правец треба да се движи Македонија. Токму затоа СДСМ со сите сили се противеше да излезе очи в очи со народот и коленичеше пред меѓународниот фактор да му помогнат во намерата. Заев и неговата криминална банда во обид да ја продолжат агонијата преку деструктивното сценарио успеаја по вторпат да ја одложат пресудата од народниот суд, но не успеаја во основната цел целосно да го заобиколат народот и насилно да ја преземат власта без да добијат легитимност на избори. Барем засега! Тоа ги боли повеќе од кој било изборен пораз досега затоа што тие никогаш не ни дошле на власт на чесен начин. Презентирањето на повторното одложување на изборите како „голема победа на шарената револуција“ не е ништо друго, освен кукавички крик на губитник што е свесен дека нема ни теоретски шанси да победи на избори во догледно време.
Балканот како буре барут
Хаос на линијата на огнот
Еден од хендикепите на Македонија во ситуацијата во која се наоѓа е дефокусираноста и поделеноста внатре во ЕУ и лошата координација со Вашингтон. Самиот факт што во земјава во исто време на иста тема посредуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, висок американски функционер од Стејт департментот, специјален германски пратеник и актуелен амбасадор во Виена (покрај жива и здрава амбасадорка во Скопје) покажува дека терминот меѓународна заедница, кој долго време го доживувавме како еден стабилен ентитет предводен од најмоќните членки на НАТО и на ЕУ, има проблеми да се фокусира на Македонија.
И покрај фамата што се крева со постојаните изјави во медиумите, брифинзи и тајни пораки од страна на странските претставници, јасно е дека фокусот кон Македонија е изместен и дека му е потребно итно изострување. Се разбира, првенствени виновници за тоа што ни се случува во Македонија сме ние што живееме во неа, со нашиот однос кон политиката, кон иднината на земјата и кон политичката култура која ја градиме. Но, веројатно, и решенијата за сегашната и за сите други кризи што сме ги имале и ќе ги имаме во иднина ќе бидат полесни со јасен и прецизен став на нашите пријатели во ЕУ и во НАТО, пријатели кои десет години нѐ уверуваат дека сме на вистинскиот пат, а, сепак, на своите самити, не почитувајќи го светскиот суд на правдата што сами го основале, ставаат рампа за нашата евроатланска интеграција.
Мечкина услуга за разнебитување на Македонија
Грција со „шарена“ надеж за името
Коѕијас кажа, но не се дорече и дообјасни што подразбира под зреење на условите во Македонија? Државата набргу ќе ни наврши 25 години од независноста, но веројатно тоа не беше тоа на што мислеше Никос, нели. Доколу очекува промена во мислењето на народот, каде што 73 проценти од Македонците не одобруваат никаква промена на името ниту за влез во НАТО или ЕУ, и овде имаме статива. Поверојатно, Грција се надева дека кај северниот сосед созреале условите за промена на власта, која во моментов никако не им одговара. Анкетите велат повторно статива. Толку „шарени“ не сме…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст