| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи Цеца по повод исмејувањето на Анастасија

цеца и анастасија

По повод се попопуларната група на „Фејсбук“ која ја исмејува прославата за полнолетството на Анастасија Ражнатовиќ, се огласи и нејзината мајка, фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ.

На 25ти мај Анастасија ќе наполни 18 години,а подготовките за гламурозната забава се спремаат на големо.

Имено, прославата на роденденот е главна тема на социјалните мрежи, а групата “Да купиме подарок за полнолетството на Анастасија”  брои повеќе од 175.000 луѓе, а со тоа е запозната и популарната пејачка.

-За жал живееме во времето на социјалните мрежи. Тие ги симнуваат нивните фотографии и ги објавуваат. Има деца кои прават многу полоши работи, но ете, немаат среќа да бидат во фокусот на вниманието. Нивната вина е само тоа што јас сум нивна мајка, ако не бев јас, најверојатно никој немаше да знае дека постојат, – рече Цеца.

Од друга страна Анастасија уште не коментира за оваа група на „Фејсбук“, но таа ставила слика од Цеца и напишала:  “Ти благодарам мамо за се”!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top