Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва после 21 часот, на булевaрот „Октомвриска револуција“ во Куманово во која учествуваа три возила „пасат“ „шкода„ и „сеат„.
Според првичните податоци има повредени и пешаци. Со две возила итната помош ги префрлаше повредените во кумановската болница. Од одделението за хирургија информираат дека едно лице е префрлено на клиниките во Скопје. СВР Куманово врши увид и оттаму најавија дополнителни информации во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.