Координаторите на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, доцна попладнево поднесoа во процедура измени и дополнувања на шест закони.
Според информациите до кои успеа да дојде Нетпрес, со поднесената процедура опфатени се Законот за општа и управна постапка, Законот за управни спорови, Законот за помилување, Законот за заштита на приватноста, потоа Законот за изменување на изборниот законик, како и Законот за заштита на личните податоци.
Првите два закони се поврзани со подобрување на работата и зголемување на ефикасноста во управните постапки на Државната изборна комисија.
Третиот е закон кој претходно беше најавен и од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, а со него на Претседателот на државата му се дава можност да изврши поништување на одредено помилување.
Четвртиот е всушност одложување на примената на Законот за заштита на приватноста, попознат како Закон за бомбите. Поточно се одложува неговата примена до први јули 2017 година, а дотогаш оваа проблематика ќе биде опфатена во рамки на Кривичниот законик.
Последните два, пак, се поврзани со работата на Државната изборна комисија, поточно со проблемите со кои се соочи ДИК при објавување на личните податоци на граѓаните при прочистување на избирачкиот список.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст