| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Москва: Маж држи заложници во банка и се заканува со бомба

Вооружен маж држзаложници неколку муштерии и вработени во банка во источниот дел на Москва, пренесува „Раша тудеј“. Според најновите информации, заложниците се ослободени, но разбојникот останал во зградата и се заканува дека ќе активира бомба ако не му дадат пари.

Руските медиуми пренесуваат дека човекот влетал во банката вооружен со пиштол и се заканувал на вработените да му дадат пари. Некој од банкарите успеал да го притисне копчето за тревога, со што ја алармирале полицијата, по што човекот се забарикадирал во една од канцелариите, заедно со уште шест лица.

Откако биле ослободени, тој кажал дека во себе има бомба, која планира да ја активира.

На лице место има голем број на полициски сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top