Кога некој зад себе ќе остсви половина век живот, а уште мами воздишки и внимание, тогаш навистина го заслужува нашето внимание. А веројатно имал и доволно време да скрие многу тајни. Ова се нејзините десет.
1. ТАЈНАТА НА НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД
Освен гентиката за младешкиот изглед на оваа Италијанка важен е и фактото што никогаш не се појавила нападно нашминкана. Дури и во секојдневниот живот користи благ крем за лице, малку маскара и кармин кој никогаш не е нападен. И тоа е тоа. Инаку, позната е по изјавата: „Подобро брчки одошто пластика“.
2. ПРВПАТ ПОД РЕФЛЕКТОРИ
Моника станала моделка кога имала само 13 години. Тогаш позирала за локален фотограф-ентузијаст.
3. МЕСТО АДВОКАТКА – МОДЕЛКА
Белучи прво сакала да стане адвокатка, но не ѝ било судено. Морала да плаќа за студии, па се издржувала со моделство и со манекенство. На 24 години се преселила во Милано и потпишала договор со Елит модел. Една година подоцна првпат работи голема ревија за Долче и Габана и за францускиот Ел.
4. ЖЕНА ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА
Еден од најпознатите машки магазини на светот, Машко здравје (Men’s Health) ја стави Моника Белучи на 21. место на топ-листата 100 најубави жени на сите времиња, а во 2002 година беше прва на листата најпожелни жени на светот.
5. ДОЦНА ВЛЕГЛА ВО СВЕТОТ НА ГЛУМАТА
Нејзината актерска кариера започнала во 1991 година. Пет години подцна била номонирана за најдобра споредна женска улога во филмот „Апартман“. И оттогаш – работи во Холивуд! Врв на кариерата (пред улогата кај Кустурица и во новиот Џејмс Бонд) доживеа во „Последното Христово искушение“ и во трилогијата „Матрикс“.
6. ПОЛИГЛОТ
Ако сте мислеле дека убава и глупава може да ѝ се залепи на секоја убава жена, слободно покајте се. Освен што има формално образование, Моника течно зборува англиски, италијански, шпански и француски.
7. ГОЛЕМИ СТАПАЛА
Ова нема да ви се допадне, но оваа совршена жена има една мана – големи стапала. Кога ќе влезе во продавница, бара чевли бр. 42.
8. ЧУДНИ ОБИЧАИ
Зад себе има два брака. Со фотографот Клаудиј Бас беше со 1994 година, а потоа до 2013 година беше со Винсент Касел. Во текот на заедничкиот живот повремено живееја во посебни апартмани на една вила во Париз за да „ја избегнат секојдневната рутина на заедничкиот живот“.
9. КАКВА МАЈКА ТАКВИ ЌЕРКИ
Оваа актерка има две ќерки: Дева и Леона. Додека беше трудна во 2005 година, се сликаше за насловната страница на „Венити фер“.
10. КАДЕ И ДА СЕ ПОЈАВИ, ПРАВИ ХАОС
Освен стан во Париз, има куќи во Италија, Англија и Бразил. Затоа не треба да чуди што ќерките зборуваат француски, англиски и португалски. Покрај италијанскиот, секако.
11. НАЈСТАРАТА ДЕВОЈКА НА БОНД
Со оглед на тоа што во времето кога се снимапе „Спектар“ имаше точно 50, таа е апсолутен рекордер во старост на девојките на Бонд. На второт место е Онор Блекмен, која во времето на снимањето на „Голдфингер“ имаше 37 години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст