| четврток, 6 декември 2018 |

Блажевски во Лондон не обезбеди Б норма на 200 метри градно

Блажевски денешната трка на Олимпискиот базен во Лондон ја заврши со време од 2 минути 17 секунди и 33 стотинки што не беше доволно за обезбедување на Б норма за Олимписките игри во Рио која според Меѓународната пливачка федерација е 2 минути 16 секунди и 27 стотинки.
Блажевски се натпреваруваше во втората квалификациона група каде заврши како седми со 2 секунди и 42 стотинки зад победникот додека вкупниот пласман за нашиот пливач е 33-тото место во конкуренција на 46 натпреварувачи.
Тој вчера обезбеди Б норма за Игрите во Рио на 200 метри мешано.
Во сабота на 50 метри ќе настапи Ана Марија Дамјановска која во понеделникот на 50 метри пеперутка со времето од 29 секунди и 53 стотинки го собори државниот рекорд стар 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top