| четврток, 6 декември 2018 |

Донесена првата пресуда за учесниците во демолирањето на Канцеларијата на претседателот

Основниот суд Скопје 1 Скопје му одреди во средата условна казна на студентот Борјан Ефтимов, кој се товареше дека учествувал на протестите на 13 април кога беше демолирана Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.
kancelarija ivanov 3

Ефтимов ја призна вината за „учество во толпа што ќе стори кривично дело“ и е осуден на условна казна од три месеца доколку во рок од една година не стори кривично дело.
На Ефтимов му е укинат и куќниот притвор во којшто беше повеќе од еден месец.
Тој е првиот демонстрант за кој е донесена пресуда за учеството на протестите кои започнаа по одлуката за аболиција којашто ја донесе Претседателот Иванов.
В четврток треба да продолжи судењето за членовите на Левица, Здравко Савески и  Владимир Куновски, а во петок судењето за Филип Наковски и Никола Аризанов, сите обвинети за кривичното дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.
Сите четворица сè уште се наоѓаат во куќен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top