| четврток, 6 декември 2018 |

Балканот се сеќава – 23 години од убиството на сараевските Ромео и Јулија

Таа беше муслиманка, а тој православен Србин. Адмира Исмиќ и Бошко Бато Бркиќ имаа само 25 години и бескрајно се сакаа, но во смрт заминаа заедно и прегрнати.

Се подготвуваа за нивната венчавка, но не беа подготвени за омраза, лудило и агресии, кои во тој период владееја во Сараево.

Сакале да заминат каде што ќе имаат нормален живот, исполнет само со љубов. На 18 мај 1993 година тргнаа во потрага по слобода. Околу 17 часот, пристигнале на мостот Врбања.

Протрчале преку него држејќи се за рака. Но, еден куршум го погодил Бошко, кој паднал на мостот. Вториот куршум ја погодил Адмира.

Смртноранета доползела до својот сакан и го гушнала. Нивните тела седум дена лежеле на мостот. УНПРОФОР одбил да ги повлече телата, сѐ додека не се прогласи примирје.

1boskoarmira

По седум дена, нивните прегрнати тела се земени и погребани на гробиштата во Лукавица.

По војната во 1996 година, по желба на родителите на Адмира, телата се префрлени во Сараево и погребани заедно.

Нивните убијци, никогаш не се пронајдени. Вистината за трагичната љубовна приказна  меѓу оваа млада двојка  ја објавија сите медиуми во светот. За нив се пишувани книги, снимени се и филмови.

Наречени се „Јулија и Ромео од Сараево“. Цели 23 години од нивната смрт, светот сѐ уште зборува за оваа трагична љубовна приказна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top