Одлуката на Уставниот суд го отвора патот за Парламентот одново да се состане и да ги откаже изборите закажани за 5 јуни, за кои не постојат услови. Ова е враќање на можноста за државата да се осврне на повеќе сериозни прашања кои се во срцето на пролонгираната политичка криза. Патот напред мора да биде дефиниран од главните политички партии заедно бидејќи само со зрел дијалог инклузивност и посветеност на демократските принципи, како и на неопходните реформи и нивното спроведување земјата ќе се врати на евроатлантскиот пат.
Ова се вели во заедничката пишана изјава на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во врска со најновите слулувања во Република Македонија.
„Сите партии мора да го почитуваат договорот од Пржино на кој се согласија минатата година. Оваа рамка останува најдобар начин за излез на земјата од постојната криза. Треба да се продолжи со работа на подготовка на кредибилни избори како и на итните реформски приоритети преку инклузивен процес“, се вели во пишаната изјава од Могерини и Хан.
Во соопштението се додава дека партиите, исто така, мора итно да ги адресираат сериозните загрижености околу помилувањата на повеќе официјални претставници од страна на претседателот Иванов.
„Помилувањата од 12 април мора да бидат повлечени без какво било одложување за да се зачува принципот на одговорност, да се преземат мерки во врска со загриженостите за неказнивост и да се избегне селективна правда. Фундаментално демократско право е сите граѓани да бидат еднакви пред законот“, стои во изјавата на ЕУ-дипломатите.
Во истата смисла, се додава, партиите мора да гарантираат целосна поддршка за СЈО и да овозможат негово непречено работење, бидејќи, се нагласува, СЈО и неговата работа се централен дел од Договорот од Пржино.
„Сите страни треба да избегнуваат активности со кои е можно да се поткопат повеќегодишните напори во земјата и на меѓународната заеднциа за јакнење на владеење на правото. Ги повикуваме сите партии да дојдат до заеднички договор кој ќе им служи на сите граѓани. Пристапите кои нема да го почитуваат овој принцип се нешто кое ЕУ не може да го поддржи ниту да застане зад него. Ангажирана опозиција и цивилно општство играат критичка улога во креирање и обезбедување на посветеност на Владата кон потребните реформи“, порачуваат Могерини и Хан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст