| четврток, 6 декември 2018 |

Од продавачка на пазар до сопруга на милијардер

Од тешкото детство нејзиниот живот се претворил во модерна бајка. Наталија Водјанова е родена во 1982 година во Горки, Русија. Во многу сиромашен крај и многу сиромашно семејство. Водјанова растела со две полусестри, Кристина и Оксана, од кои едната се разболела од церебрална парализа. Татко им ги напуштил кога Наталија уште била многу мала, кога имала само неколку години. За да имаат со што да се хранат, Наталија, нејзината мајка и здравата сестра продавале овошје и зеленчук на пазар и речиси сите пари ги давале за лекување на болната сестра.

natalija-2

Тешкиот живот за Наталија траел додека наполнила 15 години. Тогаш во една прилика, токму на тој пазар, ја забележал агент од една модна агенција и сосема и` го променил животот.

Тогаш почнала да работи во една руска агенција, а за само две години успеала да ја заинтригира светската модна сцена и се преселила во Париз кога наполнила 17 години.

Модните понуди само се нижеле една по друга, а оваа убавица го добила прекарот – Супернова.

За многу кусо време таа станала еден од најбараните и најплатените модели. Милионски договори, насловни страници на „Вог“, заштитно лице за „Гучи“, „Прада“, „Шанел“, „Версаче“, „Хуго Бос“… Таа станала третиот најуспешен модел на светот и успеала да заработи 20 милиони долари.

Нејзиниот приватен живот исто така е интересен. Наталија се омажила за милијардерот Џастин Портман, со кој има три деца. Нивната љубов често е истакнувана како модерна бајка, со оглед на тоа што тој е богаташ од благородничко потекло, а таа од сиромашно семејство.

Сепак, после девет години брак Наталија одлучила да го остави Џастин.

Natalia-Vodianova2-630x419

„Се чувствував како стара износена Луј Витон чанта. Се однесуваше како да се срами од мене. Многу лошо ме третираше, а кога разводот конечно стапи на сила, отидов на рехабилитација од се`. Кога после некое време ја слушнав, ми рече дека воопшто не и` недостасуваме јас и семејството и дека не и паѓа на памет повторно да бидеме семејство“, изјавил Џастин.

И додека нејзиниот поранешен принц на бел коњ тагувал, Наталија за кратко време се снашла. Таа веднаш започнала врска со Антоан Арнолт, кој исто така е милијардер.

Со него добила и четврто дете, а моментално е бремена и го чека своето петто дете, односно второто дете со Антоан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top