Јапонски рибарски брод кој патувал 15 месеци по Тихиот Океан по цунамито што ја погоди Јапонија во март 2011 година, стигна до калифорнискиот брег. Бродчето што патувало празно е
долго околу седум метри. Откриено е пред неколку дена во Крескент Сити на северот од Калифорнија. Му припаѓало на училиштето Таката од градот Рикузентакате, во префектурата Ивате.
Јапонскиот конзулат во Сан Франциско и помогнал на Американската национална агенција за океанографија да го потврди потеклото на бродот. Се работи за 27-ми остатоци откриени досега на американскиот западен брег, прва пронајдена во Клифорнија. Претходните се пронајдени повеќе на север, во Аласка и Орегон.
Кон половината на март Јапонија значително се зголеми процената на количеството остатоци по катастрофалниот земјотрес и цунамито од март 2011 година кои би требало да допловат до брегот на Северна Америка до октомври годинава. Станува збор за вкупно 221 илјади тони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


