Конкурсот за изработка на идејно архитектонско–урбанистичко решение за уредување на јавен градски простор со сите елементи беше распишан пред повеќе од еден месец. На него пристигнаа четири идејни решенија под соодветни шифри.
– Комисијата составена од архитекти и градежни инженери одлучи првата награда да биде доделена на идејното решение со шифра СИД-16, втората на идејното решение со шифра 111 и трета награда на шифра Паланка 2017. Врз основа на идејните решенија ќе се распише јавна набавка за изработка на основен проект за изградба на плоштадот „ВМРО”, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Дел од критериумите за одредување најдобро рангиран учесник-проектант беа оригиналност и репрезентативност на концептот, креативност и инвентивност во пристапот на обликување како и современ третман на просторот, но и економичност на решението кое ќе му даде белег и препознатливост на градот.
Најдобрите три решенија ќе добијат награди во висина од 60.000, 40.000 односно 20.000 денари.
Алексовски рече дека ќе следи изготвување основен проект, кој во иднина етапно ќе се реализира со што ќе се направи реконструирање на ликот на централното градско подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крива Паланка: Се тепале во кафуле, побегнале од полициска станица и на крај прегазиле полицаец
-
Груевски: Се стремиме и понатаму да им служиме на граѓаните
-
Алексовски: Во Крива Паланка ќе воведеме гасификација и ќе изградиме населби за млади брачни парови
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Крива Паланка (живо)