Станува збор за исклучително опасен и вознемирувачки тренд, кој зема сè поголем замав на забавите што се организираат во Барселона, Шпанија.
Имено, на забавите, учесниците во „секс-рулетот“ имаат незаштитен секс со носители на ХИВ-вирус. Според неколку објави на шпанските медиуми, ризичната активност, позната како „секс-рулет“, станува многу популарна и ја практикуваат луѓе кои сакаат да го воведат елементот на опасност во своите сексуални активности, па канат најмалку еден „таен“ носител на ХИВ во групата.
На некои од журките нудат „сини таблети“ кои треба да го спречат инфицирањето со вирусот, а таблетите се купуваат на црниот пазар. Исто така, забележан е драматичен пад во бројката на млади луѓе кои се плашат дека ќе се заразат со ХИВ – статистиките велат дека 24% од младите на возраст од 15-25 години не се „плашат“ од вирусот. Но зошто, и покрај очигледната опасност, овој вознемирувачки тренд е толку посакуван? Оние што ги посетуваат журките мислат дека колку е поголем ризикот, толку е посилна возбудата, тврдат психотерапевтите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.