| четврток, 6 декември 2018 |

Струшкиот Музеј ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите

Со изложба на графики од Љубе Алексовски и промоција на збирката раскази „Николај (фикција. вода. вистина)“ струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај.

Во спомен-домот на Браќата Миладиновци ќе се одржи литературен омаж на Никола и на Софија Незлобински – промоција на збирката раскази „Николај (фикција. вода. вистина)“ од авторите Димитрие Дурацовски, Зоран Ковачески, Мерсиха Исмајлоска, Мите Стефоски, Ненад Јолдески и Никола Кукунеш.

Изложбата на графики од Алексовски ќе биде отворена во галеријата „Вангел Коџоман“.

Во рамките на политиката на Музејот за отвореност и достапност кон сите граѓани, на Денот на музеите влезот ќе биде бесплатен за сите поставки.

Музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга за посетителите е отворен од вторник до петок  од  1 мај до 1 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top