Група мигранти запалија прифатен центар на италијанскиот остров Лампедуза, но во пожарот за среќа никој не е повреден, соопштија изутрината локалните власти.
Градоначалникот на Лампедуза, Џузи Николини изјави синоќа дека е запалена една зграда во центарот за сместување бегалци и оти полицијата идентификувала четворица мажи осомничени за предизвикување пожар.
Пожарот почна со палење на четири душеци, а вкупната штета се уште не е утврдена, изјави портпаролот на противпожарната служба.
Бегалскиот камп на Лампедуза, првиот европски град во кој пристигнуваат десетици илјади мигранти, кои од Африка преку море се упатуваат кон Европа, веќе два пати е делумно оштетен во пожари во 2009 и 2011 година.
Изминатите две години во Италија со бродови и чамци пристигнале повеќе од 320 илјади мигранти, а од почетокот на годината стигнале 31 илјада.
Во прифатниот центар на Ламедуза на мигрантите им се земаат отисоци од прсти и се работи на нивна идетификација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.