Aктерката Анџелина Џоли, вчера предупреди дека меѓународниот хуманитарен состав за згрижување на бегалците се руши.
Зборувајќи по повод денот посветен за бегалците на БИ-БИ-СИ, и проблемите за глобалната миграција, таа предупредила на „стравот од миграцијата” истакнувајќи дека токму сегашниот момент е шанса, која се појавува еднаш во животот на една генерација, сите земји заедно да се ангажираат околу таа проблематика.
Претходно лидерот на UNHCR, агенцијата на ОН за бегалци, рекол дека бегалската криза станала глобален проблем. Високиот пратеник на ОН за бегалци, Филипо Гранди, рекол дека враќањето на мигрантите едноставно нема да функционира.
Џоли пак предупредува дека повеќе од 60 милиони се раселени ширум светот, што е повеќе од било кога во последните 70 години.
-Тоа ни зборува дека ситуацијата поврзана со мирот и безбедноста во светот е многу загрижувачка, рекла Џоли.
Според нејзините зборови, бројот на судири и нивото на раселеност се пораснати до тој степен што составот на заштита и враќање на бегалците не функционира, а повиците на ОН во врска со тоа не се проследени со финансирање на тие активности, туку се драматично финансиски загрозени.
“Ве чуди ли тогаш дека во таква ситуација во која се наоѓа денешниот свет, некои од тие очајни луѓе, кои се останати без никакви опции и не гледаат никаква надеж во враќањето дома, сакаат да дојдат во Европа како последна шанса, па дури и со ризик од смрт”, прашала реторички Џоли. Таа истовремено предупредила дека Европа е само дел од глобалниот бегалски проблем.
Истакнувајќи ги Турција, Пакистан, Либан, Етиопија и Јордан, актерката кажала: “Ние на Западот ниту сме во центарот на бегалската криза, ниту сме оние кои при тоа најмногу се жртвуваат”.
Предупредила и дека во “страв од неконтролирана миграција” земјите меѓусебно се натпреваруваат која ќе биде поостра, надевајќи се дека самите ќе се заштитат без разлика колку тоа ќе ги чини нивните соседи и покрај нивната меѓународна одговорност.
-Изолацијата не е одговор, истакнала Анџелина, додавајќи дека „доколку гори куќата на соседот, некој не е безбеден доколку ја заклучи вратата”.
-Силата лежи во тоа да бидеме храбри, истакнува познатата актерка и посебна пратеничка на ОН за бегалците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.