| четврток, 6 декември 2018 |

Багдад: Најмалку 63 луѓе загинаа во три напади

Во три бомбашки напади во Багдад денеска загинаа најмалку 63 луѓе, а повредени се повеќе од сто, соопштија полициски и медицински извори. Одговореност за еден од нападите презеде Исламска држава.

Последниот напад со автомобил-бомба се случи на пазар во шиитскиот округ Садр Сити, при што загинаа најмалку 19 лица, а 17 се повредени.

ИД презеде одговорност за нападот во шиитскиот округ Ал-Шаб, каде загинаа 28 луѓе, а повредени се повеќе од 70.

Уште шестмина загинаа, а 21 се повредени во напад со автомобил-бомба во шиитскиот и сунитски јужен реон на Багдад, Ал Рашид.

Припадниците на ИД во текот на минатата недела извршија напади во околината на Багдад при што загинаа најмалку сто лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top