| четврток, 6 декември 2018 |

Убиј ме, морам во рајот до 16 часот!

Еден џихадист на ИД ги молел Курдите кои го заробиле да го убијат што поскоро за да стигне во рајот до 16 часот.

dzihadisti

Припадниците на Пешмерга (курдистанска војска во Ирак) во близина на Мосул, на северот на Ирак, заробиле џихадист на денот на муслиманскиот празник Исра и Мираџ, пренесува Дејли меил. Тој празник го одбележува патувањето на пророкот Мухамед од Мека во Ерусалим, а подоцна и до рајот, каде што се сретнал и со Алах.

Затвореникот рекол дека празнувањето во рајот почнува во 16 часот.

Додека му ја превивав раната, го прашав од каде е, а тој ми рече од Самара и дека дошол да се бори со уште 50 вооружени мажи. Требало сите да извршат самоубиство со помош на појас со експлозив, зашто денеска е празникот Иса и Мираџ. Ми рече: „Сите треба да бидеме во рајот до 16 часот, убиј ме“, раскажал Салим ал Сурџи, курдски потполковник.

Ал Сурџи рекол дека неговиот појасот не експлодирал, но дека бил ранет во експлозија на појас на соборец.

Не можеше да оди. Ни рече дека сме неверници и бараше да го убиеме, рекол потполковникот.

Курдите сепак не го убиле, туку му ја превиле раната и го задржале во ропство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top