| четврток, 6 декември 2018 |

Солзи и лелеци во куќата на Коиќ: Фотографијата за табло ќе ѝ стои на гробот

Во семејството на починатата Јована Којиќ (19) од Кикинда, која загина во сообраќајна несреќа, владее голема тага и неверување.

jovana-2kojik

Голем број роднини, пријатели и другари стоеја пред родната куќа на Јована со желба да и покажат последна почит на девојакта за која имаат само пофални зборови.
Како што велат, пеењето и било хоби, била одлична ученичка на Економско-трговско училиште во Кикинда, се занимавала со кошарка и тренирала во локален кошаркарски клуб околу шест години. За жал, сега наместо за матура и најубавиот ден од животот, семејството подготвува погреб за Јована.
jovana-kojik
Во бескрајна тага, пред куќата на семејството Којиќ пристигнуваа голем број на роднини, пријатели, другари, познаници.
 jovana kojic
Музичарите Јована Коиќ и Никола Радин од Кикинда загинале на патот Кикинда – Хоргош кога оделе на закажана свирка и  се судриле со Драган Хајдин, вработен на местото каде требале да настапат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top