Симас Зелвис од Литванија пред пет години на најголемиот саем за ракотворби во таа земја сакал да купи плетени чорапи како роденденски подарок за својот пријател.
Меѓутоа кога прашал една бабичка да му даде попуст за неколкуте чифта што ги одбрал таа почнала да вика по него. Тогаш помислил, ако таа толку нељубезна може да продава чорапи, може и тој. Купил десет чифта и ги продал за два дена. Но тогаш купил уште 10 и таа продажба не одела толку добро.
Почнал да размислува што би можел да смени и да продава нешто малку повеќе невообичаено и му текнало дека никој не плете машка долна облека.
Првата продажба солидно му одела, но не било ништо особено. Потоа направил оглас во кој пишувало дека продава плетена машка долна облека, а секој може да си порача дизајн по желба. Така почнал да продава плетени „боксреки“, со продолжение за пенис, кои најчесто луѓето им ги купуваат на своите пријатели или девојките ги нарачуват како роденденски подарок за момчињата.
Секако, се плетат во различни големини, според барањата на клиентите.
Дали вие би се осмелиле да облечете вакво нешто?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.