| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Mесто на концерт, Брена приведена на полициско испрашување

Концертот на Лепа Брена и Амар Јашарспахиќ Гиле во Хаген бил откажан во последен момент поради тоа што не можеле да се договорат со организаторт околу исплатат на хонорарите, па место пред публика, завршиле пред полиција.
lepa-brena-foto-srbijadanas_0
Организаторот на концертт Хусеин Велагиќ открил дека пејачката морал да ја пријави во полиција бидејќи Лепа Брена одбила да излезе пред публиката поради неисплатениот хонорар. Менаџерот кажал дека на пејачката претходно ѝ испалтил дел од хонорарот, а поради тоа што пред настапот не ѝ го исплатил остатокот од хонорарот, пејачката одбила да излезе пред публиката.
Велагиќ потоа повикал полиција и ја пријавил пејачката за измама, а најавил и дека ќе поднесе тужба против Брена. Меѓутоа, менаџерот на пејачката, Бане Обрадовиќ, тврди дека вистината е сосема поинаква.
lepa-brena-sofija
-Тој воопшто не ѝ дал пари, ништо не плати, ниту осветлување, ниту разглас… Тоа може да го потврдат сите кои таа вечер беа во салата. Всушност, проблемот се случи тогаш кога Брена од него побара да потпишат договор бидејќи таа не сака да работи доколку не е регулирано со договор. А Велагиќ не сакал да потпише договор за да избегне да плати данок, кажал Обрадовиќ и додал: „Од друга страна, полицијата освен што зема изјава од Брена разговараше и со сите што се вклучени во организацијата, музичарите, келнерите… Брена дојде во Германија иако не ѝ беше исплатен хонорарот, а како што претходно се договориле требаше да и биде исплатен целиот хонорар пред настапот. Така што не е точно дека ѝ дал дел од парите, а дека остатокот требало да и го даде таа вечер. Таа од нив не добила ништо – кажал Обрадовиќ, кој додал дека Брена не била задржана во полиција и дека наредната вечер настапувала во Холандија.
Од друга страна, познавачите на музичките случувања во Германија тврдат дела Велагиќ никогаш  не бил менаџер, туку дека се занимава со продажба на месо, но и дека Брена не е првата што ја измамил на сличен начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top