| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Маџиров настапи во „Оксфорд Квинс Колеџ“

Никола Маџиров синоќа настапи на „Оксфорд Квинс Колеџ“ како еден од застапените во антологијата на современата светска поезија „Центри на катаклизмата“ и на одбележувањето педесет години од првиот број на најстарото британско списание за преводна поезија „Модерн поетри ин транслејшн“, основано од венцоносецот на СВП, Тед Хјуз.

Маџиров има и целовечерно читање во книжарницата „Албион Битник“, која според „Сандеј тајмс“ е прогласена за најдобра книжарница во Оксфорд.

Инаку, лондонски „Гардијан“ ја смести песната на Маџиров „Кога некој заминува“ меѓу најдобрите 50 светски љубовни песни напишани во последните 50 години, а негови песни во превод на Греам и Пеги Рид и позитивни реакции за неговата поезија се појавија и во лондонските „Тајмс“, ”Би-би-си“, „Модерн поетри ин транслејшн“, „Поетри Лондон“ и др.

Во 2012 година Маџиров беше избран од меѓународниот поетски борд да ја застапува Македонија на Поетските олимписки игри во Лондон, на кои настапија и нобеловците Шејмас Хини и Воле Соинка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top