Општо познато е дека редовниот секс и здравиот сексуален живот имаат бројни бенефити и позитивно влијание на здравјето, но дали знаевте дека недостаток од секс всушност може да биде лош за здравјето?
Нередовен (или никаков) сексуален живот влијае на лицето и физички, но и психички. Помала контрола на мочниот меур, депресија и еректилна дисфункција се само некои од нус-појавите од нередовен секс.
Судејќи според повеќе истражувања во оваа област, лицата кои имаат секс два до три пати неделно прават добро за своето психофизичко здравје, вклучувајќи и подобрување на расположението, снижување на крвниот притисок, подобрување на имунитетот, намалување на стресот и подобрување на односите во врската.
Во продолжение прочитајте само некои од последиците од нередовен секс:
Слаба активност на мозокот. Научниците откриле дека редовен секс доведува до подобра способност за учење и меморија.
Еректилна дисфункција. Мажите кои немаат редовен секс имаат два пати поголема шанса да имаат проблеми со еректилна дисфункција од оние кои имаат секс еднаш неделно или почесто.
Негативно влијание на самодовербата. Недостатокот од секс во врската може да ја намали самодовербата.
Исто така, нередовен секс може да ја намали контролата на мочниот меур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.