Четворица алабански државјани кои нелегално влегле во Македонија биле приведени од полицијата од полициската станица Рогачево, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци албанските државјани на возраст од 20, 21, и двајца од по 25 години, сите од градот Кукс, нелегално влегле во земјава вчера околу 19 часот и 20 минути во месноста Раскрсница во близина на Јажинце.
– Тие веднаш биле забележани од полицијаците кои ги привеле сите четворица по што биле предадени за понатамошно постапување на Одсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија рече Јосифовски.
Според неговите најави во текот на денот четворицата илегалци ќе бидат изведени пред судија за прекршоци во тетовскиот Основен суд и се очекува да добијат глоба, протерување во нивната матична земја и забрана за влез во Македонија во траење од 3 до 5 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре