По помрачувањето на сонцето се јавува астрономско совпаѓање кое го предизвикува феноменот прилив на векот, природен феномен кој особено е спектакуларен во францускиот залив Сен Мало во Ла Манш. Затоа илјадници туристи јуришаат да го набљудуваат нивото на водата кое би требало да достигне висина на четирикатница.
Околу камениот остров, од кој се воздигнуваат кули на средновековни тврдини, нивото на водата достигнува 14-15 метри, што е колку една четирикатница.
Затоа островот Мон Сен Мишел е едно од најатрактивните туристички места во Франција, а заливот Сен Ман е втор во светот, по заливот Фанди во Канада, каде што разликата меѓу приливот и одливот е најголема.
Секогаш е многу импресивно. Одеднаш, многу брзо, надоаѓа голема маса вода, како коњ во галоп, вели Никола Вебер, стручњак за прилив во Хидролошката и океанографска служба на француската морнарица (СХОМ).
Приливот на векот се случува на секои 18 години, а последен пат се случи лани, на 22 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст