| четврток, 6 декември 2018 |

Младината на ВМРО-ДПМНЕ обои 300 фабрики и 3000 работни места што ги ветуваше Заев – на хартија!

Наместо да ги боиме реализираните проекти, предлагаме да ги обоиме неисполнетите ветувања порачаа младите од ВМРО ДПМНЕ  од Струмица.

sacevo-ums1

Во индустриската зона ,,Сачево“ членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од градоначалникот на Струмица Зоран Заев ги побараа најавените 300 фабрики и 3000 вработувања притоа симболично поставувајќи транспарент со нацртана фабрика кој според нив бил споменикот на сите неисполнети ветувања на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ.

sacevo-ums2

Денес младите од Струмица ги бараат трите илјади работни места што градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ ги вети во индустриските зони на минатите локални избори. Овој споменик кој денес симболично го поставивме на неизградената индустриска зона „Сачево“ е споменик на сите неисполнети ветувања на Зоран Заев. Реализацијата на ветувањата е таа што ја прави разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече Панче Стојков од УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Струмица.

sacevo-ums

Mладите од ВМРО ДПМНЕ велат дека Струмица во времето на СДСМ била стопански опустошена и економски уништена општина, стотина стопански субјекти биле уништени, а илјадници граѓани оставени без работа. Според нив приватизацијата за некого била симболот на личното богатење, а за сите останати времето на социјалната пропаст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top