| четврток, 6 декември 2018 |

Земјата зависна од мртвородени: Ги советуваат жените да раѓаат мртви бебиња за да ги донираат органите

Бремените жени кои носат фетуси со тешки оштетувања лекарите ги советуваат да не абортираат туку да ја износат бременоста и да ги донираат органите на бебето. Околу 7000 болни ги чекаат тие органи

Во Велика Британија постои недостиг на органи, па НХС (Национални здравствени услуги) им предлага на мајките кои во раната бременост ќе дознаат дека носат фетуси со тешки оштетувања да не абортираат туку да ја износат бременоста до крај. Откако бебињата ќе им бидат прогласени за мртви, би ги земале органите – бубрези, срца, бели дробови, црни дробови. Велат дека 7000 луѓе чекаат тие органи да им ги спасат животите. Во некои случаи, ако се согласат родителите, на апарати би ги одржувале живи телата на бебињата на кои мозокот и официјално им е прогласен за мртов. Така органите би биле многу свежи и успешноста на трансплантацијата би била поголема.

Повеќето трудници се одлучуваат да абортираат откако ќе дознаат дека детето што го носат има тешки оштетувања и нема шанси да преживее. Но, ако се одлучат да го доносат таквото дете 9 месеци, виталните органи би се искористиле за трансплантација.

Newborn is crying

Newborn is crying

Секако, овој предлог предизвика бројни етички расправи. Сепак, на лекарите им се допаѓа оваа идеја, бидејќи хронично се борат со недостаток на спасоносни органи, Велат дека во последните два месеци само 11 бебиња помлади од два месеци станале донори. На овој начин би се подигнал тој број на околу 100 годишно. Еден конкретен случај што лекарите го сметаат за погоден за донирање на органи е тешко оштетување кај бебињата кое се вика аненцефалија – кога мозокот не се развива. Тоа може да се открие во 12 недела од бременоста  нема шанси тоа бебе да преживее. Нагласуваат дека секоја година се прекинуваат околу 230 бремености откако ќе се постави таа дијагноза, а се раѓаат само десетина живи бебиња. Најмладиот британски донот во 2014 година бил Теди Хулстон. Умрел само 100 минути по раѓањето. Неговите родители дознале во 12 недела од бременоста дека ќе се роди речиси без мозок, но не сакале абортус. Двата бубрега на бебето и срцевите залистоци им спасиле живот на возрасни, пишува Дејли меил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top