| четврток, 6 декември 2018 |

Нестварна убавина: Потопената црква „Свети Никола“ снимена со дрон (ФОТО)

Црквата „Свети Никола“ во Маврово била изградена во 1850 година и била во одлична состојба цели 103 години. Тогаш се донесла одлука дека на местото му е потребно вештачко езеро. Езерото било потребно за напојување електрична централа. Во времето кога се создавало езерото се потопиле повеќе делови од старите села што се наоѓале таму. Меѓу тие градби била и оваа црква. Тоа што е мистериозно овде е тоа што само црквата се издигнува повторно, додека други градби се уништени.

crkva_vo_voda_sveti_nikola.

„Свети Никола“ е сѐ уште целосна црква, со истиот изглед како и секогаш, освен тоа што сега е потопена. Имало периоди кога црквата била целосно под вода, но почнала да се издигнува со сушите на почетокот на 21 век. Ништо чудно некогаш повторно во црквата да се палат свеќи и да се оди на молитва.

– Сум ја видел и во живо и секогаш ќе ми биде преубава, како и сите македонски краишта – вели еден турист.

– Една од поголемите атракции во Маврово е старата црква „Св. Никола“, која е изградена од страна на рекански мајстори во 1850 година. Црквата е потопена под Мавровско Езеро во 1953 година, а секое лето поради варијабилниот водостој на езерото, црквата е на суво. Овде црквата гние и пропаѓа во водата, а илјадници луѓе минуваат покрај потопената црква и зиме и лете. Сметам дека никому не му е грижа за неа. Тоа ти е како нешто живо да е закопано, односно жива закопана црква – велат други.

Reportaza93-3

Црквата „Св. Никола“ 54 години тоне во вештачкото езеро. Храмот е потопен кога се градел хидросистемот Маврово, а оттогаш за неа никој не се грижи и е оставена на забот на времето. Изградена е во 1857 година во тогашното Мавровско Поле, од мермер и од гранит, со мермерен олтар и вреден иконостас и икони од Дичо Зограф. Бидејќи црквата е правена од бигор, во големи блокови, идеја беше таа да се демонтира, да се направи бедем од камен на која повторно ќе се постави и нема да биде во водата. Идејата првпат била образложена на митрополитот полошко-кумановски Кирил. За таа цел бил формиран и организациски одбор на кој бил повикан и митрополитот Кирил. Во одборот имало и претставници од големи фирми, кои сакале да донираат. Но, митрополитот се откажал од идејата и решил да се гради нов манастирски комплекс, чиишто темели беа поставени на 24 мај 2008 година, а старата црква остана и до денес да пропаѓа во водата. Однадвор црквата изгледа многу скромно бидејќи такви биле времињата, не се дозволувало храм да изгледа многу театрално. Внатре има иконостас работен од бел мермер. Преданијата говорат дека на тајфите што ја граделе оваа црква им се плаќало со златници. Не штеделе мавровци, кои во тоа време биле печалбари, за да го изградат светиот храм, кој сега повеќе од половина век е среде езеро. Црквата „Св. Никола“, која се наоѓа на јужната страна на некогашното Мавровско Поле, е под вода уште со полнењето на Мавровско Езеро…

Целиот текст од репортажата објавена во 93. број на неделникот „Република“, на 13.06.2014 г., можете да го прочитате ОВДЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top