| четврток, 6 декември 2018 |

Најпопуларно време за секс е сабота во 19.37 часот

seks

Најновото истражување покажа дека 44 проценти од луѓето ја преферираат саботата како омилен ден за секс. Саботата е ден, кој за разлика од петокот, најмногу се отпуштаме и се одмараме. Од понеделник до петок работиме, а недела е ден кога психички се подготвуваме за новата работна седмица. Па, така, сабота останува како најлогичен избор за најпопуларен ден во неделата за секс.

Истражувањата, меѓу другото, покажале дека веќе нема спонтан секс и дека се повеќе млади двојки го планираат секстот однапред. Поголемиот број луѓе се највозбудени и најмногу сакаат секс во сабота околу 16.33, но, сепак, најмногу луѓе водат љубов во сабота во 19.37 часот. Разликата од три часа што ги покажало истражувањето настанува поради обврските, како на пример: миење коса, депилирање, миење садови, пеглање и слично.

Како што опишуваат испитаниците во истражувањето, по саботниот ручек партнерите сакаат да гледаат телевизија и да одмораат. Возбудата за секс расте, но поради опишаните причини, водењето љубов го одложуваат за неколку часа подоцна.

Иако планирање секс се чини како најнероматнична работа на светот, факт е дека денеска многу двојки имаат секс токму благодарение на тоа планирање. Дури 62 проценти од испитаниците рекле дека планираат секс и интимно дружење, а од нив дури 88 проценти навистина го реализира планот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top