| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Грција веќе не е нашата летна дестинација

domat more grcija turizam

Грција се подготвува да ги зголеми цените во екот на туристичката сезона. Кафето, пивото, цигарите, безалкохолни пијалоци, интернет и кабелска телевизија ќе се зголемуваат поради готвени нови индиректни даноци и акцизи. Згора на се нашите соседи го креваат ДДВ со 1% – од 23 на 24 проценти, соопштија грчките медиуми по договорот на владата во Атина со кредиторите. Засега цената на ноќевање нема да се крева, бидејќи новата такса за хотелите ќе стапи на сила дури од 2018 година, кога ќе се плаќа по 1 евро на секоја ѕвезда на хотелот и по 50 евроценти за клуч од станот под кирија.

Според експерти сепак туристите, кои избрале да одмараа това лето кај јужниот сосед, ќе почувствуваат промена на цените во хотелите, бидејќи ќе скокне цената на кабелска телевизија, која се нуди во собите. На неа ќе биде наметната такса од 10%. Интернет исто така ќе стане прилично скапо задоволство. Според договорот меѓу грчката влада и кредиторите на цената на секоја безжична конекција ќе се наплаќа веќе 5% такса. Така туристите можат да бидат изненадени и со такса за кабелска телевизија.

kafe more plaza grcija

Кафето на плажа исто ќе скокне драстично. Туристите кои одлучуваат да пијат фрапе, ќе бидат изненадени со цени кои ги надминуваат 4-5 евра. Причината е дека се крева акцизата за увоз на кафе, но сеуште не е јасно дали на пакување производ или врз суровината. Пивото пак ќе поскапе со 1-2 евра.

Поради новите акцизи безоловниот бензин ќе скокне со 8-10 евроценти за литар, а дизелот – со 3-4 цента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top