Сликите на шарени мачиња со иронични коментари кои на социјалните мрежи во Македонија почна да ги објавува олеснувачот во меѓупартиските преговори, Белгиецот Питер Ванхуте, и кои кореспондираа со опозициските протести, се творба на Американецот Итан Зукерман, член на светскиот борд на фондацијата на Џорџ Сорос – Отворено општество, пишува Дневник.
Теорија на слатките мачиња
Зукерман е директор на Центарот за граѓански медиуми на реномираниот Институт за технологии во Масачусетс, а уште во 2008 година ја развил Теоријата на слатките мачиња, која потоа се применувала во земјите во кои се случувале насилните промени на дотогашните владејачки гарнитури. Интензивно се користеле во Арапската пролет, а имало обиди за користење на мачињата во Русија, во Kина и во Виетнам, каде што нарачателите процениле дека треба да се предизвика реакција на актуелната власт, односно да забрани пристап до социјалните мрежи и да се зголеми револтот на незадоволните.
Теоријата на слатките мачиња или Теорија за дигитален активизам не случајно ги корсти токму мачките за исполнување на своите цели – преку социјалните мрежи да се поттикне дејствувањето на граѓаните. Мачката е животно кон кое повеќето луѓе негуваат пријатни чувства и затоа забраните на нивните фотографии со коментари неминовно предизвикуваат зголемување на незадоволството на граѓаните.
Со ова практично излегува на виделина дека постовите со луцидните мачки што ги објавуваше белгискиот олеснувач Питар ван Хут на социјалните мрежи се, всушност, испробан рецепт и метод зад кој стои членот на светскиот борд на фондацијата на Сорос.
Во текот на меѓупартиските преговори за излез од политичката криза, познато е, владејачката ВМРО-ДПМНЕ реши да ја прекине соработката со Ванхуте поради неговите омаловажувања кон Македонија и македонскиот народ почнувајќи од тоа дека нашиот менталитет не е европски, па сѐ до постовите со мачињата. Од неговите истапи тогаш се огради и делегацијата на Европската унија во нашата земја.
Скриените намери на добротворната дејност на невладините организации
Неодамна и рускиот парламент расправаше за тоа што треба да се подразбере под „добротворна дејност на невладините организации“, па во контекст на тоа Русија денес укажа дека „невладините добротвори“ често имаат испробани методи во активностите.
Методите веќе станаа класика. Во западната практика на дестабилизација и обоени револуции ова се нарекува теорија на слатки мачиња. Манипулацијата е едноставна. Заедно со провокативна содржина, на пример, се повикува на непослушност. На социјалните мрежи се ставаат слики од мачиња или кои било други невини, беспомошни животинчиња. Потоа, ако владата ги блокира овие страници, тогаш таа активност на властите изгледа ужасно репресивна бидејќи ќе се толкува „и мачиња се угнетени“, а пораката што се праќа до јавноста е „ете, дури и слатките мачиња се плашат од оваа влада“, стои во анализата на РТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.