| четврток, 6 декември 2018 |

Фатма Самура е новиот генерален секретар на ФИФА

fatma samura

Сенегалката Фатма Самура, која 21 години работела во Обединетите Нации, е новиот генерален секретар на Светската фудбалска организација (ФИФА). Таа е избрана на новата функција на 66.Конгрес на ФИФА кој се одржува во Мексико.

За првпат во историјата, ФИФА именува жена на една ваква висока и одговорна функција. 54-годишната Фатма Самура досега беше постојан претставник на Програмата за развој на ООН во Нигерија.

– Советот ја поддржа нејзината кандидатура. На оваа одговорна функција ни е потребна личност која не само што ќе нуди нови проекти за развој на фудбалската игра, туку и човек кој има одлични релации и комуникации ширум светот. Верувам во Фатма Самура и мислам дека ќе биде одличен соработник – изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top