| четврток, 6 декември 2018 |

Нашето дете за викенд е кај баба му, а ние лудо се забавуваме

Австралиската манекенка Рејчел Финч во интервју за „Дејли телеграф“ открила дека таа и нејзиниот сопруг Мајкл Мизинер секој викенд ја оставаат двегодишната ќерка кај баба и, а тие лудо се забавуваат.

Со таа изјава таа покрена жолчна расправа на интернет за родителството.

– Имаме викенд за себе. Мислам дека тоа е многу здраво за секоја врска, а кога ќе ја земеме ќерката во недела, полни сме со енергија – изјавила Рејчел.

Screenshot

Но, негативните коментари ја натерале да реагира и да се обиде да ги оправда своите родителски методи.

– Мајката никогаш не би требало порадидругите да се чувстува дека не е доволно добра за своето дете, кога работи се она што може да биде сигурно, среќно и сакано. Само родителите знаат што е  најдобро за нивното дете и секогаш треба да веруваат во своите одлуки. Многу ја ценам врската што ја има Вајолет со баба и и мислам дека тоа е една од наважните врски кои детето ги има додека расте. Работам напорно за да можам да обезбедам најдобра иднина за ова дете. Никогаш нема да престанам да верувам во неа или во силата на семејството – напишала Рејчел.

Досега овој пост им се допаднал на 4.000 луѓе, а има повеќе од 350 коментари.

– Секој викенд? Навистина? Да, давам суд за твоето родителство. Порасни и престани да бидеш себична. Зар не се викендите за семејството? Посебно за дружење со децата? – била една од критиките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top