| четврток, 6 декември 2018 |

Вака изгледа животот на бодибилдер кој 30 години зема стероиди и не сака да прекине (фото)

Бодибилдерот Рич Пиана во се е  неумерен, почнувајќи од куќата во која живее, количество на храна која ја јаде па се до земање големи количини на стероиди. Но доколку него го прашате тој ќе ви каже дека ништо не би сменил.

bilder-25

Денес  45 годишниот бодибилдер која зема стероиди од својата  18 години вели дека никогаш тоа не го криел, а на својот канал на Јутјуб  често ги наведува своите причини за користење на тие средства, иако колегите од спортот често го молат да прекине. Најдобрата причина која ја наведува за земањето на стероидите е неговото тело.

Пиана прв пат бил во теретана на само 11 години кога таму го однела неговата мајка, исто така бодибилдерка. На 15 години бил на првиот натпревар, но не остварил резултат. Неговиот неуспех продолжил во следните години, а тогаш почнал да зема стероиди.

Неговата стратегија успеала, освоил неколку награди на големите натпреварувања. Во еден период месечно трошел повеќе од 2500 долари на хормони за раст , без вбројување на стероидите во таа пресметка. Денес повеќе не оди на натпревари, но заработува од рекламите на својот бренд на суплементи и голем број на обожавателите на социјалните мрежи кои го следат неговиот екстремен животен стил.

bilder70

bilder-22

bilder-15

bilder-10

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top