| четврток, 6 декември 2018 |

Новешка: Основната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 отсто

Централната банка на Норвешка ја остави основната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 отсто и ги ослободи пазарните очекувања. Во март централните банкари во Осло ја намалија стапката со 25 основни поени.

Растот на потрошувачките цени останува стабилен, но силната круна може да придонесе за малку побрзо забавување на инфлацијата од последните проекции во март, пишува во соопштението на банката. Од друга страна, растот на цените на нафтата може да ја намали несигурноста и да доведе до повисок економски раст во Норвешка. Властите во Норвешка најавија дека ќе прибегнат повторно до државниот фонд во вредност од 860 милијарди долари, за да ја заштитат најголемата европска земја производител на нафта од ниските цени на суровината. Бидејќи владата користи стимулации, централната банка сигнализира дека зазема се повеќе претпазлива политика во однос на дополнителните олеснувања во монетарната политика. Круната поевтини за 0,8 отсто или до 9,26 круни за евро, откако посебениот извештај покажа дека БДП-­то се зголемило за 0,3 отсто во првиот квартал, надминувајќи ги очекувањата за раст од 0,2 отсто. Блумберг наведува дека Норвешка се уште не е ни блиску до негативни каматни стапки, како што се воведени во Данска и Шведска. Ефектите од оваа политика врз инфлацијата се измешани, па пазарите на хипотеки во овие две држави веќе покажаа сигнали за прегревање, истакнува агенцијата. Централната банка во Норвешка си остава отворена можноста за дополнително намалување на основната каматна стапка во 2016­та година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top