„Фејсбук“ во февруари воведе шест реакции со кои може да го изразите своето мислење за нечија објава, фотографија или што било да се појави на оваа социјална мрежа. Полицијата во Белгија ги предупреди граѓаните да не го прават тоа ако сакаат да ја сочуваат својата приватност.
– Полицијата тврди дека „фејсбук“ на тој начин собира податоци за корисниците за да знае кога е најдобро да прикажува реклами – пишува „Индепендент“.
„Реакциите не помагаат само да ги изразите своите чувства, туку и му помагаат на „фејсбук“ да ја зголеми својата заработка од рекалми на вашиот профил, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.