Бугарската полиција денеска уапси најмалку 75 лица во рамки на акцијата за открување на странци кои илегално престојуваат на територијата на Бугарија, јави БТА.
Како што соопшти прес-службата на бугарското Министерство за внатрешни работи, меѓу уапсените се и 34 лица кои се осомничени за поврзаност со шверц на луѓе.
Во акцијата, кој е спроведена на териториите на Бургас, Видин, Јамбол, Монтана, Пазарџик, Пловдив, Сливен, Софија, Стара Загора и Хасково, учествувале над 1.430 полициајци и припаниџи на Државната агенција за национална бебзедност (ДАНС) и Јавното обвинителство.
При акцијата се претресени 1.010 објекти и речиси 5.000 возила, при што се запленети и една пушка и еден пиштол, за кои сопствениците немале валидни дозволи, како муниција за нив
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апсења поради закани со смрт на Вучиќ и неговото семејство
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)