| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте! Ги користиме секојдневно, а тие се голем извор на бактерии

Иако не можеме да ги видиме со голо око, бактериите се насекаде околу нас и ние сме постојано во контакт со нив. Доволно е да го допрете телефонот на работа, количката во супермаркетот или кваката на вратата на јавен тоалет за да се пренесат бактериите на вашите раце. А ако потоа го допрете вашиот нос, пред да успеете да трепнете, бактериите ќе се населат во него.

bakteria

Добрата вест е што нашето тело успешно се бори против бактериите кои секојдневно доаѓаат до нас, па многу мал процент од нив можат да му наштетат на човек кој е здрав и кој има добар имунитет.

Сепак, на прашањето дали треба да бидете загрижени за бактериите на јавни места, одговорот е „да“. Колку и да се грижите за хигиената, секогаш има луѓе кои ја занемаруваат, па добро е да знаете кои места и предмети треба да избегнувате да ги допирате, но и да ги преземете соодветните мерки кога ќе дојдете во контакт со нив.

Знаете дека шолјата во јавните тоалети е полна со бактерии, знаете дека на седиштата во автобусите виреат бактерии и вируси, знаете дека чекалните во болниците се преполни со бактерии и вируси, но има места кои сигурно не ви паднало на ум дека се извор на бактерии, а од кои треба да се пазите.

Еве дел од нив:

-Количките во супермаркетите

-Менијата во рестораните

-Сетовите за зачини, сосови и други додатоци во рестораните

-Банкоматите

-Кваките на вратите и сапуните во јавните тоалети

-Копчињата за лифтот и прекинувачите за светло

-Парчињата лимон во пијалоците

-Компјутерските тастатури и телефонските слушалки

-Женската ташна

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top