| четврток, 6 декември 2018 |

Откако испоубија невини: Полицајците веќе не се агресивни, зашто се плашат дека ќе завршат на Јутјуб

Полицајците се сè повнимателни и помалку агресивни во пристапувањето до сомнителните лица затоа што стравуваат дека некој би можел да ги снима и тој видеозапис да го објави на ЈуТјуб.

Џејмс Комни ФБИ
За време на првиот квартал од 2016 година бил забележан пораст на стапката на криминалот во повеќе од 40 градови во САД и „алармантен пораст на убиствата“ во поголемиот дел од големите америкаски градови.

Директорот на ФБИ, Џејмс Коми мисли дека знае во што е проблемот – иако за тоа тој нема никакви статистички податоци и докази, после разговорот со голем број на полицајци дошол до заклучок дека криминалот и насилството се во пораст поради таканаречениот „вирален видео ефект“.

Имено, откако јавно на интернет беа објавени неколку видео записи на кои што можеше да се види полициската бруталност при апсењето на американски граѓани, некои полицајци станале премногу внимателни и често знаат да избегнат соочување со сомнителните лица.

jutjub-policija-brutalnost-fbi-tocka-2016-02

„Поради страв дека некој ќе ги сними и на крај ќе завршат на ЈуТјуб, во некои од случаевите денес, на пример, полицајците нема да излезат од својот автомобил во 2 часот наутро и нема да им пријдат на група сомнителни лица за да извршат рутинска проверка“, ги пренесува New York Times зборовите на шефот на ФБИ.

Џејмс Коми уште кон крајот на минатата година зборуваше за таканаречениот „Фергусон ефект“ (после убиството на тинејџерот во американскиот град Фергусон по што избија бројни протести и немири) кој резултираше со намалена агресивност на некои полицајци, но од Белата куќа и американското министерство за правосудство тогаш коментира дека не постојат никакви докази кои би ги поддржале неговите тврдења.

jutjub-policija-brutalnost-fbi-tocka-2016-01

На оваа тема во иднина сигурно уште многу ќе се дискутира, а ние се надеваме дека, благодарение на таканаречениот „вирален видео ефект“, во некои случаи полицијата ќе биде помалку агресивна, а граѓаните ќе има кој да ги заштити од полициската бруталност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top