| четврток, 6 декември 2018 |

Спомен-собата на Гоце Делчев доби нова концепција

Министерката за култура Елизабета Канческа-­Милевска денеска ја посети НУ Конзерваторски центар ­Скопје, каде во завршна фаза е спомен­-собата на македонскиот револуционер Гоце Делчев. ­

-Ние, и во Програмата на Владата ставивме реконципирање на музејските поставки во нашите институции. Спомен-­собата на Гоце Делчев е реализирана во таа насока. Се работи за една мултимедијална, интерактивна музејска поставка, која е прекрасно изработена. Идејата е на Румен Ќамилов, а проектот е од огромно и исклучително значење во делот на едукативната мисија, рече Канческа-­Милевска.

Таа информира дека посетителите ќе имаат можност да се запознаат со шест историски периоди, карактеристични за Гоце Делчев, со голем број оригинални артефакти и предмети. Учениците и младите генерации тука ќе можат да погледнат голем број документарни филмови и други историски настани карактеристични за револуционерот Гоце Делчев. Министерката Канческа-­Милевска информира дека овој значаен комплекс годишно има над 15 илјади посетители. ­

-Идејата е овој комплекс да биде меморијален центар за културен натпревар. Тука се гробот на Гоце Делчев, Спомен-­собата и еден од најубавите и најпрекрасните иконостаси во црна Гоце Делчев,  рече Канческа­Милевска.

Таа се осврна на годишната програма на Конзерваторски центар ­Скопје, на проектот за обнова на фасади во стари градски јадри. ­

-Лани Конзерваторскиот центар ­Скопје заврши голем број на фасади на улица „Илинденска“ и во Старата скопска чаршија. Годинава ќе се реализираат пет фасади, четири во Старата скопска чаршија и фасадата на овој комплекс каде е сместен Конзерваторскиот центар, а ќе биде опфатена и покривната конструкција, рече Канческа -­Милевска.

Додаде дека во Старата скопска чаршија во завршна фаза е една фасада, а се почнуваат останатите. Во завршна фаза е конзервацијата и реконструкцијата на иконите и иконостасот во црквата „Св. Спас“ во Кучевиште, се завршуваат проектите за конзервација и реконструција на Театарот во Скупи, а Спомен­-куќата на Лазар Личеноски, ќе се промовира следната година и ќе биде отворена за посетителите. Годинава ќе се почне со конзерваторски истражувања на аквадуктот со цел следната година да почне неговата конзервација. Таа најави дека годинава ќе почне и реконструкцијата на конакот на манастирот „Св.Никола“ во Љубанци.

Директорката на Конзерваторскиот центар-­Скопје, Ема Петрова информира дека ги набавиле сите материјали кои се однесуваат на животот и делото на Гоце Делчев. ­

-Румен Ќамилов, кој е автор на концептот на оваа поставка, обработи 300 фотографии кои се собрани од разни архиви, сите филмови што се снимени и поврзани со животот и делото на Гоце Делчев, рече Петрова и додаде дека тоа го изработувале последните две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top