| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Гета и милион фанови ја снимија песната за Европското првенство 2016

На еден месец пред стартот на Европското фудбалско првенство во Франција, излезе дел од химната на првенството што утре ќе биде и официјално промовирана.

dejvid-geta

Автор на песната „ This one is for you“ е францускиот диџеј, Дејвид Гета. Химната на ЕВРО 2016 е снимена во соработка со шведската пејачка Зара Ларсон, а на работеле дури еден милион луѓе! Познатиот диџеј преку апликации побарал помош од фудбалските фанови за снимање на вокалите и еден милион луѓе одговориле на повикот и се вклучени во создавањето на химната.

– Сакав да направам нешто за навивачите, да ги ставам нив во центарот на вниманието на ова првенство. Барав милион љубители на музиката и на фудбалот и не можам да верувам дека толку многу одговорија на повикот. Се обидов да направам нешто многу посебно, побарав од навивачите од целиот свет да го слават овој фестивал на фудбалот и да бидат дел од химната на првенството. Пресреќен сум што успеавме во ова – изјави Дејвид Гета.

Идејата и химната во која се вклучени и навивачите поздравена е и од одговорните луѓе во УЕФА.

– Знам дека постои посебна врска меѓу фудбалот и музиката и дека тие може да предизвикаат силни реакции кај луѓето. Дejвид Гета е еден од најуспешните продуценти и оваа соработка меѓу него и навивачите е нешто потполно ново. Ова е песна од навивачите за навивачите – истакнува директорот на маркетингот во УЕФА, Гај Лоран Епстајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top