Сообраќајна незгода се случи попладнево нешто по 18 часот на булеварот „Туристичка“, на влезот од Охрид, пренесува локалниот портал „Охрид њуз“. До несреќата дошло кога автомобилилот марка „пежо“ со струшки таблички, кој се движел во правец на Охрид, од засега непознати причини загубил контрола на крстосницата помеѓу „Туристичка“ и улицата „Распаќе“ и удрил во еластичната ограда која ги дели коловозните ленти на булеварот, по што се превртел.
Како што информираат од СВР Охрид, во незгодата нема посериозно повредени, а причинета е материјална штета.
Повеќе фото на „Охрид њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст