| четврток, 6 декември 2018 |

Хајндл: Времето е кратко, заеднички напор за да се спроведат потребните реформи

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл, во пишаната изјава до медиумите вели дека допатувал во Македонија за да се запознае со ситуацијата и посочува дека времето е кратко и оти сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи.

hajndl

– Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првенствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот, стои во изјавата на Хајндл, лиферувана од Амбасадата на Германија.

Хајндл, кој престојува во дводневна посета на Скопје, попладнево во МНР има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Потоа тој ќе се сретне со амбасадорите на земјите – членки на ЕУ и на САД во Македонија, а доцна поплдне и утре ќе разговара и со претставници на партиите потписнички на договорот од Пржино.

Хајндл неодамна беше именуван од страна на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за специјален пратеник на Берлин кој ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top